Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Општина Ново Село противзаконски и самоволно поставила разделни столбови на магистрален пат
На 04.03.2022 од страна на полициски службеници од СВР Струмица е извршен увид на магистрален пат А-4 (делница Струмица-граничен премин Ново Село), при што во село Ново Село било констатирано дека општина Ново Село противзаконски, неосновано и самоволно поставила сообракајна сигнализација (разделни столбови) на магистрален пат, со што ја загрозила безбедноста на учесниците во сообракајот, информираа денеска од СВР Струмица.
За настанот е известено Министерство за транспорт и врски, во чија надлежност се магистралните патишта, а по целосно документирање на случајот од страна на СВР Струмица ќе биде поднесена пријава по чл. 384 од Законот за безбедност на сообакајот на патиштата, стои во информацијата на полицијата.