Општина Струмица беше домаќин на „Плазма Спортските игри на младите“

 Општина Струмица беше домаќин на „Плазма Спортските игри на младите“

Општина Струмица беше домаќин на „Плазма Спортските игри на младите“, настан кој важи за најголема аматерска спортска манифестација наменета за деца и млади во Европа.

Настанот помина во знакот на спортот и младоста, овозможувајќи им на стотици учесници преку спортски активности да се поврзат во духот на пријателството, заедништвото и фер-плејот. Од локалната самоуправа изразија задоволство што децата од Струмица имаа можност да бидат дел од оваа меѓународна спортска приказна, во која, покрај натпреварувачкиот дух, главниот акцент е ставен на играта и меѓусебното дружење.

Претставниците на Општината порачаа дека вложувањето во младите луѓе и во спортската инфраструктура останува еден од нивните најважни стратешки приоритети.

„Продолжуваме континуирано да создаваме услови за здрав, активен и исполнет живот на младите генерации“, се наведува во соопштението од локалната самоуправа.

За успешната реализација на манифестацијата, општинските власти упатија официјална благодарност до организаторите, училиштата, наставниот кадар, спортските работници, како и до поединците Влатко Илиевски и Васко Атанасов кои дадоа свој значаен придонес во организацијата на игрите.

Share via
Copy link