Советот донесе Општински енергетски план за 2027 година

 Советот донесе Општински енергетски план за 2027 година

На денешната 11-та седница на Советот на општина Струмица е донесен Општински енергетски план за 2027 година чија цел е да се намалат трошоците за електрична енергија и да се преземат конкретни и издржани решенија за зголемување на енергетската ефикасност. Советниците ги усвоија и извештајот за работењето со финансиски извештај на ЈСП „Струмица – Транспорт“ за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година, предлог – програмата за дополнување на Програмата за активностите на општина Струмица од областа на културата во 2026 година, предлог – решението за разрешување и именување на членови во Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на општина Струмица, а за пет граѓани се донесени одлуки за доделување на парична помош.

На седницата беа усвоени и одлуките за прифаќање на донацијата трактор со кабина, приколка и ѓубрерастурач за потребите на општина Струмица и за ослободување од плаќање на надомест за уредување на градежно земјиште на објект сопственост на МПЦ-ОА Струмичка епархија, односно на црквата во населеното место Банско.

Share via
Copy link