70-годишник од радовишко ја натепал малолетната внука – полицијата го уапсила

 70-годишник од радовишко ја натепал малолетната внука – полицијата го уапсила

Синоќа во 21:00 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишиле од слобода 70-годишен жител на селотo.

Од МВР информираат дека 70-годишникот бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:00 часот физички ја нападнал неговата малолетна внука.

„Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица“, посочија од МВР.

Share via
Copy link