fbpx

Општина Струмица ја почна кампањата „16 дена aктивизам против родово базирано насилство“

 Општина Струмица ја почна кампањата „16 дена aктивизам против родово базирано насилство“

Oпштина Струмица ја започна кампањата „16 дена aктивизам против родово базирано насилство“ со цел подигање на свеста кај луѓето да се стави крај на насилство од секаков вид.

-Кампањата почна со осветлување на споменикот „Жена под маска“ во портокалова боја – која претставува аларм за подигањето на свеста за овој сериозен проблем со кој се соочува модерното општество и со цел да упатиме две пораки- дека вредноста на жената е преголема во општеството и треба да се стави крај на насилството со симнување на маските на насилниците, информираа од општината.

Како резултат на податоците добиени од Центарот за социјални работи и граѓанскиот секторот, Општина Струмица, препознавајќи ја големата потреба за решавање на ваквиот горчлив проблем, во 2019 година самостојно финасиски поддржа отварање на Шелтер центар за згрижување и заштита на жртви на семејно насилство.

Share via
Copy link