Општина Струмица на првородените бебиња-близнаци им додели штедна книшка со 40.000 денари
-Општина Струмица ја започна новата година со голема радост. Мајката Ѓоргина Стојчева од Моноспитово стана горда мајка на близнаци, две машки деца, кои се првите новороденчиња во Струмица за оваа година.Во знак на поддршка, Општина Струмица им додели на семејството Стојчева штедна книшка од 40.000 денари.Честитки на Ѓоргина и на нејзиното семејство за оваа пресреќна новогодишна радост!, објавија од Општина Струмица.