fbpx

Отворен Младински центар во Струмица

 Отворен Младински центар во Струмица

Младите во Струмица од денеска за прв пат имаат свој Младински центар. Сместен во сутеренот на општинската зграда располага со современи и функционални простории и амфитеатар, каде што можат да се реализираат едукативни активности,  конференции, предавања, изложби, место каде што младите ќе можат да се собираат да ги реализираат своите идеи и иницијативи и како вистински партнери на општина Струмица активно да учествуваат во нејзиниот развој.

За Младинскиот центар кој е најголем во државата, инвестирани се 7.200.000 денари од буџетот на општина Струмица.

Задоволството од реализацијата на првото и најголемо ветување за младите, домаќинот, градоначалникот Костадин Костадинов го сподели со претставници на младинските организации и поголем број гости и пријатели на Струмица.

-Со отворањето на Младинскиот центар уште еднаш потврдив дека за мене и мојот тим, зборот е збор. Струмица центар на младите, беше еден од петте најважни проекти во мојата предизборна програма, а главен столб во него Младинскиот Центар. Во интерес на овој центар уште од првиот ден на мојот мандат се откажав од службениот автомобил што ме следуваше и истиот беше продаден, а средствата ги вложивме во преадаптирањето на неискористениот простор во сутеренот на општинската зграда. Не беше лесно да се преадаптира овој простор кој со години не се користеше, беше магацин и се наоѓаше во многу лоша состојба. Имаше многу работа сето ова да се среди, и планирана и дополнителна која што се јавуваше во текот на преадаптацијата. Беа изведени повеќе градежни зафати за да може овој простор да ја добие бараната намена и функционалност, рече Костадинов.

Градоначалникот Костадин Костадинов потсети и на останатите проекти коишто се реализираа паралелно со проектите за младите. Работено е во сите области  во градот и населените места, согласно интересите и реалните потреби на граѓаните. Завршени  и започнати се големи капитални проекти и други активности, донесени европски искуства и практики кои обезбедуваат поквалитетен живот на граѓаните на општина Струмица.

Share via
Copy link