Општинскиот инспектор за животна средина изрече казна за согорување отпад од 18.000 евра
Пешак потешко повреден во Богданци

МВр соопшти дека денеска во 02:30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Богданци, патничко возило „Хјундаи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.П. (21) од село Ѓавато, гевгелиско, удрило во пешакот Т.И.(25) од Богданци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а констатирани во Општата градска болница во Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.