fbpx

По шеснаесетти пат планинарски марш во чест на Борис Трајковски

 По шеснаесетти пат планинарски марш во чест на Борис Трајковски

Петнаесет планинари од Струмица и Валандово денеска од пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на вториот македонски претседател, тргнаа на шеснаесеттиот марш во чест на Борис Трајковски.

Заради пандемијата од Ковид-19 годинашниов марш е со редуцирана програма, односно планинарите ќе пешачат до село Дедино, а на 26 овој месец ќе поминат уште една етапа во Скопје, до гробот на Трајковски на гробиштата Бутел.

Среќен пат на планинарите им посака градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Триесет планинари од Струмица и Валандово денес пешачат и по падините на планината Беласица. Тие традиционално се искачуваат на врвот „Ботра“ кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.

Маршот традиционално го организира ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица.

Share via
Copy link