fbpx

Почна изградбата на спортска сала во Муртино

 Почна изградбата на спортска сала во Муртино

По претходно завршување на подготвителните работи кои беа обврска на општина Струмица, денеска, официјално започна изградбата на спортската сала „Модел 1“ на површина од 650 метри квадратни во населеното место Муртино.

Финансискиот зафат на оваа инвестиција е околу 24.000.000 денари, а рокот на изведба 7 месеци.

Средствата се обезбедени од Министерството за образование и наука, согласно Програмата за изградба на 145 спортски сали во основни и средни училишта.

Share via
Copy link