Жител на Стојаково пронајден починат во домот без видливи траги на насилство
Почнува летното сметање на времето
Од 2 часот по полноќ почна летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе треба да се поместат еден час понапред.
Летното сметање на времето завршува на 26 октомври во 3 часот кога часовникот се поместува еден час наназад.Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно директивите на ЕУ и на обрската од македонскиот Закон за сметање на времето.
Во рамките на ЕУ неколку години наназад се водат полемики дали оваа практика да продолжи или да се укине.