Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Полицијата и инспекторите „чешлаа“ угостителски објекти за викендот
Секторот за внатрешни работи Струмица за време на викендот во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат и општински комунални инспектори извршија контрола над угостителските објекти во општина Струмица со цел утврдување дали се почитуваат Одлуките и Протоколите од Владата на РСМ во врска со Коронавирусот (COVID -19).
На 25/26.09.2020 година од извршена контрола на 6 угостителски објекти на подрачјето на општина Струмица, во 1 угостителски објект се констатирани 2 кривични дела по чл. 205 и 206 од КЗ на РСМ, а во 3 (три ) угостителски објекти констатирани се по 3 прекршока по чл. 8 од ЗППЈРМ и 3 (три) прекршоци од Законот за јавна чистота.
На 26/27.09.2020 година, од страна на полициски службеници извршена е контрола над 18 угостителски објекти на подрачјето на општина Струмица. Во 1 угостителски објект било констатирано непочитување на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот (COVID -19) како и Протоколот за отварање и работа на кафетерии т.е не бил ограничен бројот на гости кои може да седат, поточно на повеќе стоечки маси немало толку столови колку што имало лица околу масите. На масите немало поставено дезинфекциски средства , не било зачувано потребното растојание и не се носеле заштитни маски. Од страна на полициски службеници, по овластување на јавен обвинител било документирано кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ предвидено во чл.206 од КЗ на РСМ и прекршоци по чл. 8 „пуштање гласна музика“ и чл. 21 ст.1 „присуство на малолетници подолго од 24 часот“ од ЗППЈРМ.
Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните да ги почитуваат препораките од Владата на Република Северна Македонија и законските правила и прописи.
Доколку се констатира состојба спротивна на Законот и препораките на Владата истата соодветно ќе се санкционира.
Извор: Соопштение на СВР Струмица