Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Полицијата констатира кривични и прекршочни дела во пет угостителски објекти во Струмица
Секторот за внатрешни работи-Струмица во соработка со Државниот пазарен инспекторат, во рамките на своите надлежности во претстојниот период ќе продолжи со превземање интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето, насочени во делот на: присуство на малолетници во угостителски објекти после 24,00 часот, непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, точење алкохолни пијалоци на малолетници гласната музика и непочитувањето на работното време.
За сите сопственици на угостителските објекти кај кои ќе бидат констатирани прекршоци и кривични дела, Секторот за внатрешни работи-Струмица согласно своите надлежности, ќе изготви соодветни поднесоци, а за правните лица ќе предложи изрекување на соодветни прекршочни и кривични санкции.
Во текот на викендот во 3 (три ) угостителски објекти на подрачјето на општина Струмица констатирани се кривични дела предвидени во чл.206 од КЗ, во 1(еден) угостителски објект констатиран е прекршок “Пуштање гласна музика„ во 1 (еден) угостителски објект констатиран прекршок “Присуство на малолетници подоцна од 24,00 часот“ предвидени во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Секторот за внатрешни работи -Струмица апелира до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните, да ги почитуваат препораките од Владата на Република Северна Македонија и законските правила и прописи.
Доколку се констатира состојба спротивна на Законот и препораките на Владата истата соодветно ќе се санкционира.
Извор: Соопштение на СВР-Струмица