Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Полицијата уапси двајца „ченчери“ во Струмица
Вчера во 13:00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода М.А.(66) и М.Д.(67), двајцата од Струмица.
Тие биле затекнати како со други лица вршат неовластена размена на парични средства, при што кај М.А. биле пронајдени и одземени различни валути во вкупна вредност од околу 1.000.000 денари, а кај М.Д. различни валути во вредност од околу 110.000 денари.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање, купување готовински странски платежни средства и чекови“ по член 55 од Законот за девизно работење.
Фото: СВР Струмица