fbpx

Полициски билтен: физичка пресметка во гевгелиско, оштетен апарат за игра на среќа во Радовиш

 Полициски билтен: физичка пресметка во гевгелиско, оштетен апарат за игра на среќа во Радовиш

На 24.10.2022 година во 11.45 часот во Полициската станица Гевгелија, И.Ѓ.(52) од село Ново Коњско, гевгелиско, пријавил дека околу 11.00 часот на место викано „Моински пат“ бил физички нападнат од Т.Т. од село Моин. Истиот ден во 11.50 часот и Т.Т. (36) од село Моин пријавил дека околу 11.00 часот на место викано „Моински пат“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и И.Ѓ.(52) од село Ново Коњско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.10.2022 година во 01.05 часот во Полициската станица Радовиш, Н.С.(21) од Радовиш пријавила дека во казино во Радовиш, М.Т. од село Ораовица, радовишко, оштетил апарат за игри на среќа. Полициската станица Радовиш презема мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link