Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Полициски билтен: физички напад во Калково, 83 граѓани не носеле маски
Вчера во 22:25 часот во Полициска станица Валандово У.И. од село Калково пријавил дека околу 22.10 часот неговиот малолетен син бил физички нападнат од Р.М.(41) од истото село.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (21.10/22.10.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 86 лица не ја почитувале, од кои 45 во Струмица, 20 во Радовиш, 11 во Гевгелија и 10 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки.