fbpx

Полициски билтен: кај двајца радовишани пронајдена марихуана

 Полициски билтен: кај двајца радовишани пронајдена марихуана

Денеска во 00:15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода С.Б. (30) од Радовиш. При преглед на патничко возило „шкода“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (09.12.2022) во 11.15 часот во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Р.Т.(27) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link