„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен: оддалечување од домот, пожар, физички напади во Дојран, Струмица и Ново Село
На 01.11.2021 година во 18.00 часот во Полициска станица Гевгелија, Р.С.(65) од Богданци пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко П.С.(83) од Богданци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 01.11.2021 година во 01.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека настанал пожар во куќа сопственост на С.С.(28) во село Мрзенци, гевгелиско, при што биле опожарени дел од куќата и покуќнината. Пожарот бил изгаснат по интервенција на екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија, а повредени лица нема.Увид бил извршен.
На 01.11.2021 во 20.00 часот во Полициското одделение Нов Дојран, А.М.(30) од Стар Дојран пријавил дека околу 19.30 часот на паркинг простор пред казино во Стар Дојран бил физички нападнат од С.А. од Стар Дојран. По расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.11.2021 во 09.40 часот во Полициската станица Струмица, К.В.(56) од Струмица пријавил дека околу 09.00 часот на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Струмица бил физички нападнат од А.Н. и Г.Н.. Полициската станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.11.2021 во 03.10 часот во Полициското одделение Ново Село, Љ.Д.(23) од село Смолари, струмичко, пријавил дека на 01.11.2021 година околу 24.00 часот во угостителски објект во село Ново Село бил физички нападнат од К.М. и Д.К. од село Мокриево, струмичко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.