fbpx

Полициски билтен: опожарени викенд куќа и помошен објект во Радовиш, физички напад во Ново Село

 Полициски билтен: опожарени викенд куќа и помошен објект во Радовиш, физички напад во Ново Село

На 20.07.2021 во 20.00 часот во Полициската станица Радовиш, Б.К.(36) од Радовиш пријавил дека настанал пожар во викенд куќа, сопственост на В.Б. лоцирана во близина на река Сушица, атар на Радовиш, во кој делумно изгореле викенд куќата и помошен објект.

По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.

На 21.07.2021 во 02.25 часот во Полициското одделение Ново Село, Ц.Ѓ.(37) од село Ново Село пријавил дека околу 01.50 часот во угостителски објект во Ново Село бил физички нападнат од Н.М. и К.Н..
Истиот ден во 02.30 часот, А.М. пријавил дека околу 01.40 часот во истиот угостителски објект во село Ново Село бил физички нападнат од Ц.Ѓ.(37) од истото село.
По целосно расчистување на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link