fbpx

Полициски билтен: пожар и физички напад во Горна Маала, Валандовско

 Полициски билтен: пожар и физички напад во Горна Маала, Валандовско

Вчера во 21:00 часот во Полициската станица Валандово, И.А.(40) од село Горна маала, валандовско, пријавил дека во село Горна маала бил физички нападнат од М.В. од истото село.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 27.04.2022 во 23.00 часот во село Горна маала, валандовско, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода М.Б.(67) од село Горна маала. Тој се сомничи дека околу 21.00 часот во семејната куќа, во која живее, предизвикал пожар кога во куќата биле членови на негово семејство. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Share via
Copy link