fbpx

Полициски билтен: Уапсен жител на Богданци за тешка кражба и физички напад во Валандово

 Полициски билтен: Уапсен жител на Богданци за тешка кражба и физички напад во Валандово

На 10.07.2022 во 16.00 часот во Богданци, полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци го лишиле од слобода Џ.П.(46) од Богданци поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело. Лицето биле приведено во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.07.2022 во 22.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во село Чалакли, општина Валандово, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.И., Е.И. и Ф.И. од една страна и С.Л., Н.Л., Р.Л. и С.Л. од друга страна, сите од село Чалакли. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share via
Copy link