fbpx

Полициски билтен:физички напад во Моноспитово, пронајдена марихуана во Гевгелија

 Полициски билтен:физички напад во Моноспитово, пронајдена марихуана во Гевгелија

На 06.05.2021 во 00.20 часот во Полициското одделение Ново село, К.Г.(42) од село Мокрино, струмичко, пријавил дека на 05.05.2021 околу 20.30 часот во угостителски објект во село Моноспитово, струмичко, бил физички нападнат од Ж.Н. и уште едно лице. Се преземаат мерки за  расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (05.05/06.05.2021), по однос на задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 35 лица не ја почитувале, од кои 13 во Струмица, по 8 во Гевгелија и Валандово и 6 во Радовиш и ќе следуваат соодветни мерки.

Денеска(06.05.2021) во 13.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода З.Ч.(34) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link