fbpx

Полициски билтен:Физички напад во Струмица, 75 лица не носеле заштитни маски

 Полициски билтен:Физички напад во Струмица, 75 лица не носеле заштитни маски

На 14.04.2021 во 15:30 часот во Полициската станица Струмица, С.С.(68) од Струмица пријавил дека околу 12:00 часот на улица „Младинска“ во Струмица бил физички нападнат од С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (14.04/15.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 75 лица не ја почитувалe, од кои 28 во Гевгелија, по 16 во Радовиш и  Валандово и 15 во Струмица и ќе следуваат соодветни мерки.

Share via
Copy link