fbpx

Полициски билтен:Физички напади во Сарај и Василево, малолетничка се оддалечила од домот

 Полициски билтен:Физички напади во Сарај и Василево, малолетничка се оддалечила од домот

На 24.08.2024 во 22.10 часот во СВР Струмица Т.А.(53) од село Сарај, струмичко, пријавил дека околу 01:00 часот во Струмица, во близина на угостителски објект, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.08.2024 во 20.35 часот во СВР Струмица Г.М.(41) од село Баница, струмичко, пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка С.М.(15). Според пријавеното, таа најверојатно отишла кај нејзиното момче Т.Т.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 24.08.2024 во 22.20 часот во СВР Струмица М.Г.(38) од село Василево пријавил дека околу 21:00 часот бил физички нападнат од неговиот сосед Д.Р. и неговата сопруга, а претходно му оштетиле и стакло од неговиот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link