fbpx

Полициски билтен:Исчезната малолетничка, физички напади во Василево и Банско

 Полициски билтен:Исчезната малолетничка, физички напади во Василево и Банско

На 24.10.2021 во 20:30 часот во Полициската станица Струмица, T.Р.(34) од село Сарај, струмичко, пријавил дека од домот се оддалечила нејзината малолетна ќерка. Секторот за внатрешни работи Струмица презема мерки за пронаоѓање на лицето.

На 24.10.2021 во 21:40 часот во Полициската станица Струмица, А.И.(41) од село Банско, струмичко, пријавил дека околу 21.00 часот во неговото дворно место бил физички нападнат од А.С.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.10.2021 во 14:20 часот во Полициска станица Струмица, С.А.(35) од село Василево, струмичко, пријавил дека околу 11:00 часот во дворно место во село Василево бил физички нападнат од К.П. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link