fbpx

Полициски билтен:потешко повреден мотоциклист, женска тепачка во Струмица

 Полициски билтен:потешко повреден мотоциклист, женска тепачка во Струмица

На 16.07.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локален пат помеѓу селата Банско и Муртино, струмичко, на место викано „Бабик“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Д.К.(19) од село Банско и товарно возило „там“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(41) од село Банско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 17.07.2024 во 00.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на 16.07.2024 во 23.20 часот во угостителски објект во Струмица, С.Р. од село Дабиле, струмичко, физички ја нападнала З.М.(21) од Струмица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link