fbpx

Полициски билтен:пожар во Радовиш, казнети пешаци, 83 лица не носеле маски

На 19.10.2020 во 02:15 часот во Полициска станица Радовиш било пријавено дека настанал пожар во помошен објект на ул.„Готен“ во Радовиш, при што биле опожарени и соседни помошни објекти, како и едно моторно возило паркирано во помошен објект.

По интервенција на Територијална противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа на Одеелението за внатрешни работи Радовиш.

На 19.10.2020 година во времето од 08.00 до 13.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица е спроведена акциска контрола за откривање на прекршоци сторени од страна на пешаци. Во акцијата се констатиран 6 прекршока по акциската контрола и 19 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (19.10/20.10.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 83 лица не ја почитувале, од кои 48 во Струмица,  19 во Радовиш, 10 во Гевгелија и 6 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки.

Share via
Copy link