fbpx

Во Струмица 18 новозаразени од Ковид-19, а 12 се оздравени

 Во Струмица 18 новозаразени од Ковид-19,  а 12 се оздравени

По вчерашните осум, денес се регистрирани 18 новозаразени од коронавирусот, а 12 се оздравени, стои во денешната Ковид статистика.

Во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 227-Куманово 12-Штип 15-Прилеп 4-Тетово 34-Струга 5-Велес 15-Битола 10-Охрид 23-Кавадарци 4-Гостивар 2-Струмица 18-Крива Паланка 6-Радовиш 7-Кочани 4 -Демир Хисар 4-Пехчево 2-Берово 2-Виница 1-Делчево 1-Свети Николе 3-Кичево 6-Ресен. 1-Неготино 2.

Починати се 4 лица, двајца пациенти од Скопје (64 и 77г), еден од Ресен (59г) и еден пациент од Битола (76г). Од нив еден пациент е починат вон болнички услови, останатите се починати во болница.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 281 оздравен пациент од:

-Скопје 148-Куманово 4-Штип 17-Прилеп 16-Тетово 18-Струга 4-Велес 4-Битола 8-Охрид 3-Кавадарци 8-Гостивар 3-Гевгелија 9-Струмица 12-Крива Паланка 6-Радовиш 2-Кочани 3-Пробиштип 4-Берово 1-Валандово 2-Кратово 2-Свети Николе 2-Кичево 4 -Неготино 1.

Досега во земјата се направени вкупно 223.922 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24196, бројката на оздравени пациенти е 17673, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5673.

Share via
Copy link