fbpx

Полициски билтен:пронајдена марихуана, малолетници физички нападнати во Банско

 Полициски билтен:пронајдена марихуана, малолетници физички нападнати во Банско

Денеска (24.03.2023), полициски службеници од СВР Струмица, со наредба од Основен суд Струмица, извршиле претрес во домот и други простории кај лицето Н.А.(34) од Струмица. При претресот била пронајдена и одземена марихуана.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.03.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Струмица, Т.М.(37) од село Свидовица, струмичко, пријавил дека околу 20.00 часот неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Истиот ден во 23.20 часот, Б.Т.(50) од Струмица пријавил дека околу во 20.30 часот во село Банско, струмичко,  неговиот малолетен син бил физички нападнат од Т.М.(37). Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Share via
Copy link