„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен:уапсен крадец, возач на тротинет потешко повреден
На 22.07.2024 во 20.15 часот, полициски службеници од СВР Струмица – Полициска станица Радовиш го лишиле од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче. Тој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела „тешка кражба“, од кои пет во куќи и една во викенд куќа. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.07.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на 21.07.2024 во 19.30 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, З.А.(41) од Радовиш, управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на земјен пат. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.А., констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Радовиш.