Полициски билтен:во сообраќајка во Радовиш тешко повреден пешак, во струмичко село агресивно се однесувал кон сопругата
Вчера во 19:15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„Шаин Маале“ во Радовиш, патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од Радовиш, удрило во пешакот М.А.( 77) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот М.А., констатирани во Клинички центар Штип. Увид на лице место извршила екипа на ОВР Радовиш.
На 08.08.2024 во 15.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Д.(41) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 39 – годишна сопруга. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Тој задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.