fbpx

Попладнево гореше викендица меѓу селата Свидовица и Банско

 Попладнево гореше викендица меѓу селата Свидовица и Банско

Денеска во 16:30 часот, ТППЕ Струмица, помеѓу селата Свидовица и Банско со тим од четири пожарникари-спасители и едно против пожарно возило интервенираше на гасење на запалена викендица која била зафатена од пожар предизвикан од запалена сува трева во нејзина близина.

Благодарение на брзата и ефикасна интервенција пожарот е навремено локализиран и ликвидиран.

-И покрај екстремно големата опасност од избувнување на пожари и покрај сите апели и забрани, еден дел од нашите сограѓани продолжуваат со крајно неодговорно однесување и предизвикување на пожари со кои се загрозуваат човечките животи и се уништуваат материјалните и природните ресурси, стои во информацијата на ТППЕ Струмица.

Share via
Copy link