fbpx

Порасна минималецот: Од месецов повисока плата

Минималната плата од јули месец изнесува 14.934 денари во нето износ. Од месецов има раст на минималната плата, а според пресметките во бруто износ таа изнесува 21.776 денари.

Министерството за труд и социјална политика ја објави одлуката во Службен весник. До сега минималната плата беше утврдена на 14.507 денари нето кога практично и беше зголемена за 2.000 денари. Зголемувањето на минималната плата тогаш беше соопштено дека ќе важи не само за приватниот, туку и за јавниот сектор.

Во 2017 година минималната плата плата беше зголемена за 3.500 денари и до декември лани изнесуваше 12.507 денари. Тогашното зголемување од 2.000 денари за трудоинтензивните дејности беше оптоварување. 

Сега Заев во кампањата ветува дополнително зголемување на минималната плата, ако добие уште еден мандат.

Еве ја целосната пресметка за платите од овој јули која е утврдено според најновата одлука да трае до март 2021 година.

Минимална бруто плата = 21.776 денари

ПИО (18,8%) = 4.094
Здравствени придонеси (7,5%) = 1.633 денари
Дополнителен придонес. (0,5%) = 109 денари
Придонес за вработување (1,2%) = 261 денари
Вкупни придонеси (28%) = 6.097 денари
Даночно намалување = 8.228 денари 
Данок на личен доход = 745 денари
Минимална нето плата = 14.934 денари

Извор: faktor.mk

Share via
Copy link