fbpx

Потешко повреден пешак на патот Турново-Штука

Вчера во 17:50 часот на локалниот пат од село Турново кон село Штука, струмичко, патничко моторно возило “опел вектра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Т.(58) од село Штука, удрило во пешак В.Т.(60) од село Иловица.

В.Т. бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link