fbpx

Потешко повреден петнаесетгодишен моторциклист во сообраќајка во Струмица

 Потешко повреден петнаесетгодишен моторциклист во сообраќајка во Струмица

Синоќа во 23:00 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Ѓорѓи Василев“ во Струмица се случила сообраќајна незгода меѓу мотоцикл, со струмички регистарски ознаки, управуван од 15 – годишник од село Куклиш и патничко возило „алфа ромео“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(20) од Струмица, соопштија од МВР.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link