fbpx

Потешко повреден сопатник во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село

Синоќа во 23:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4 Струмица-Ново Село се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.И.(32) од село Гечерлија, струмичко и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(19) од село Босилово, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „поло“, Р.Д.(52) од село Босилово, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link