„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Повик за проекти за намалување на последиците од кризата врз младите луѓе
Врз основа на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на здруженијата и фондациите за мерки за справување со КОВИД-19 кризата насочени кон младите луѓе, Агенцијата за млади и спорт (АМС) објави Оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации.
За оваа цел се предвидени 5 милиони денари од Буџетот, додека висината на поединечните грантови ќе изнесува најмногу 300 илјади денари.
„Последиците од кризата врз младите луѓе се веќе видливи и ќе траат долго. Оттука целта на овој повик е токму намалување на негативните ефекти од Ковид-19 кризата врз младите луѓе“, објаснуваат од АМС.
Во Огласот се наведува дека ќе се подржуваат предлог проекти кои ќе бидат насочени кон информирање, едукација, правна и психолошка помош, онлајн обуки и слични активности насочени кон млади лица поврзани со последиците од коронавирусот.
Рокот за доставување на пријавите е до 29-ти јуни 2020 година.
Целосниот текст на огласот за финансиска поддршка, како и обрасците за пријава и предлог проект и буџет можете да ги најдете на следниов ЛИНК.