fbpx

Повреден малолетник во сообраќајка кај Добрејци

Вчера околу 21:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосница во село Добрејци, струмичко, се случила сообракајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со италијански регистарски ознаки, управувано од Б.М.(20) од село Сушица и мопед „хонда“ со струмички регистарски ознаки, управуван од малолетно лице од Струмица, соопштија од струмичката полиција.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Share via
Copy link