fbpx

Повторно е поставена плочата со ѕвезда на Горан Пандев на плоштадот во Струмица

 Повторно е поставена плочата со ѕвезда на Горан Пандев на плоштадот во Струмица

Плоштадот „Гоце Делчев“ од денеска повторно го краси ѕвездата на нашата фудбалска легенда, Горан Пандев, објави денеска градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

На местото каде што беше украдена во ноември 2018 година, е поставена нова плоча со ѕвездата.

Ѕвездата на Пандев беше поставена во 2010 година како симбол на освоената титула Европски и Светски шампион со италијанскиот гигант „Интер“, година во која е реконструиран и струмичкиот плоштад.

-Верувам дека овој пат, ѕвездата на Пандев нема да му пречи на никој и ќе остане на градскиот плоштад, ќе ја чуваме исто како и што се радуваме на неговите успеси со коишто ја промовира нашата општина и нашата држава, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link