Жител на Стојаково пронајден починат во домот без видливи траги на насилство
Премиерот Мицкоски на увид на изградбата на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево
-Задоволство ми е што денес сум во овој регион. Ќе ги посетиме проектите од првиот повик во Ново Село и во Василево. Како што кажаа и самите градоначалници се решаваат децениски проблеми и ќе продолжиме да решаваме децениски проблеми бидејќи тоа го кажавме и тоа го ветивме пред граѓаните, и тоа мораме да го испорачаме и го испорачуваме, истакна Мицкоски.
Според него многу е важно Македонија да се гради, за разлика од оној 7 годишен период кога се крадело.
-Сега има значителна разлика и тоа веќе го забележуваат граѓаните и во периодот којшто следи уште поинтензивно ќе се забележува затоа што и вториот повик полека но сигурно привршува. Овие капитални инвестиции се и добра можност и за економијата за да може да се задвижи, така што остануваме фокусирани да решаваме децениски проблеми на граѓаните. Тоа е она коешто ќе повторам граѓаните го очекуваат од нас, додаде премиерот.
Тој апелираше до градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, да аплизира со проекти за вториот повик од Унгарскиот кредит.
-Воедно ќе ја искористам оваа прилика да упатам апел и до градоначалникот на Струмица да ја искористи можноста за вториот повик и да аплицира со проекти. Не е време за политиканство, време е да се работи за граѓаните. Помина времето кога Македонија се крадеше, понижуваше, омаловажуваше, засрамуваше сега е време кога треба да се гради без разлика што тој можеби во некој внатрепартиски предизборен занес се обидува да ја критикува Владата, во ред тоа е негово право и тоа практично тој може да го прави, но го замолувам лично и од името на Владата да достави проекти, нормално да не биде како во првиот повик согласно критериумите да достави проекти за да можеме и тие проекти да ги исфинансираме и за Општина Струмица, а ќе продолжиме да ги финансираме проектите слушнавте и во Ново Село и во Босилово и во Василево, така што нема заборавени делови како што кажа министерот за локална самоуправа, подвлече Мицкоски.
Фото: Влада