Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Премиерот Заев ги соопшти новите рестриктивни мерки
Мерките ги воведуваме пред претстојните празници за да се намали заразата и да се намали притисокот врз здравствените работници, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конферецнија, на која беа соопштени новите рестриктивни мерки.
-Забрана и посебен режим на движење на граѓаните од 20:00 до 05:00 часот наредниот ден од 6 до 20 април.
-Граѓаните кои извршиле вакцинација им се дозволува враќање до своите живеалишта со потврда за вакцинација.
-Целосна забрана за посетители , гости во сите угостителски објекти, кафетерии, ресторани, барови, клубови и други објекти кои во склоп на својот објект даваат угостителски услуги, како и во угостителски објекти, дел од објекти за сместување, хотели, мотели, хостел, пансион и други објекти за сместување или на бензински станици, а оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативни начини-онлајн или телефонски и да вршат достава или да овозможат подигнување на нарачката самостојно преку штанд почнувајќи од 7 април.
-Исклучок од ова се угостителските објекти на аеродромите во државата, како и угостителските објекти во хотел, хостел, мотел и пансион за лица сместени во овие објекти.
-Целосна забрана за посетители и гости во сите обложувалници. Приемот на посетителите во обложувалницте да биде овозможен преку вршење на шалтерска улуга, односно угостителскиот објект дел во обложувалниците, како и во казината, да биде затворен за посетители.
-Целосна забрана за посетители и гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање.
-Се забранува организирање, одржување и присуство и учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви и конференции и други настани од таков вид.
-На земјоделците им се овозможува движење врз основа на дозволите од подрачните единици и од општинските кризни штабови до пазарите, назад од пазарите, до нивите и слично, мерка која овозможена на пролетта.
-За време на забраната за посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на државата што живеат во колективни станбени објекти и што имаат домашно милениче-куче да можат да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетрање од еден час од 22 до 23 часот најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.
-Останува на сила строгата забрана за групирање за повеќе од четири граѓани.