fbpx

Прес конференција на Борче Цветков, нов претседател на ОО СДСМ Струмица

 Прес конференција на Борче Цветков, нов претседател на ОО СДСМ Струмица

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија назначи нов Претседател на Општинската Организација на СДСМ во Струмица. Претседателското столче во Општинската Организација го презеде Борче Цветков, кој веќе 15 години е активен член на партијата и протагонист на голем број партиски активности и изборни процеси.

Пред сѐ, би сакал да нагласам дека сум исклучително благодарен за довербата која ми ја доверија моите сопартијци. Како иден предводник на Општинската Организација на СДСМ во Струмица, горд сум што можам да констатирам дека бројот на членови од година в година расте благодарение на сите оние кои низ годините чекореле по овој пат каде денес јас почнувам. Таа традиција и континуитет треба да продолжиме да ги негуваме, чекорејќи нанапред. Да ја зацврстиме нашата улога и вклученост во секојдневието на нашите сограѓани и да стоиме обединети пред предизвиците кои ни претстојат. Со истрајност и посветена работа да ги надминеме и да излеземе побројни и сплотени како победници преку истата филозофија која ја делиме. Демократска, слободна, економски стабилна Република Северна Македонија, со еднакви граѓани. Со здружени сили, храбро, одлучно и непоколебливо, со реална програма и со голема соработка на сите партиски нивоа, од младината до нашите сениори, но пред сѐ со правење вистински и координирани чекори, доминантно и посветено од дома, од нашите Општински Организации. , рече Борче Цветков, претседател на ОО СДСМ Струмица.

Во својата професионална кариера Цетков повеќе од 10 години успешно извршувал работни задачи како вработен во Општина Струмица, каде во 2017 година се стекнал и со дополнително искуство како шеф на Кабинет на тогашниот и сегашен градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов.

Во изминатите 4 години, од 2018 година, Цветков бил Управител на КПУ Затвор – Струмица. Од Февруари 2022, Борче Цветков е именуван за претседател на ОО СДСМ Струмица.

Share via
Copy link