fbpx

Претрес во Струмица, пронајдени повеќе видови дрога, приведен дилер

 Претрес во Струмица, пронајдени повеќе видови дрога, приведен дилер

Вчера полициски службеници од СВР Струмица лишен е од слобода М.Т.(44) од Струмица, соопштија од МВР.

При претрес извршен со наредба од Основен суд Струмица во дом и други простории кај М.Т., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, црна грутчеста материја, таблетки, растителна материја.

Лицето е приведено во СВР Струмица, за случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и по негово комплетно документирање против М.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share via
Copy link