„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Приведен криумчар на мигранти во Стар Дојран
Вчера во Стар Дојран полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода И.Х.(22) од Египет, соопштија денеска од МВР.
Околу 07.30 часот тој бил затекнат со група од 25 лица мигранти (меѓу кои пет малолетници), сите од Сирија и по преземени мерки било утврдено дека тој ги организирал и им помогнал илегално пеш да ја поминат државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија.
Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а И.Х. бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.