„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Приведен криумчар од Србија, пронајдени осум мигранти од Сирија
Денеска во 07:40 часот на бул.„Гевгелија“, поточно на излезот од Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода К.В.(22) од Лесковац, Р.Србија, поради сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење мигранти“, соопштија денеска од МВР.
Тој управувал патничко возило „опел сигнум“, со српска национална ознака, кое учествувало во сообраќајна незгода, а во него биле затекнати 8 лица илегални мигранти од Сирија.
К.В. е приведен во полициска станица и во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија.