Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Приведен разбојник во Струмица кој извршил физички напад и одзел пари
Денеска во 04:40 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода В.Г.(40) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 03.20 часот на ул. „Мајка Тереза“ во Струмица физички го нападнал Т.Т.(56) од Струмица и му одзел пари.
Тој е задржан во Полициската станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против В.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.