fbpx

ПРИЗНАНИЕ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈИПР ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

 ПРИЗНАНИЕ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈИПР ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Единствените доживотни, сигурни мотивации се оние што доаѓаат одвнатре, а најсилните од нив се радоста и гордоста што растат кога сте добиле признание дека сте направиле нешто добро во година која и покрај отежнатите околности вработените од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион интензивно работеа на секое поле.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на Директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Г-а Жулиета Ѓуркова преку Проектот „Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој“ и врачи ПРИЗНАНИЕ на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за интензивна соработка со бизнис заедницата и академијата на регионално ниво во 2020 година.

Изборот се спроведе преку рангирање на регионите во 8 категории. Иако Центарот за развој на Југоисточниот плански регион покажа одлични резултати во повеќе категории и области, сепак од страна на Комисијата беше одлучено да добие признание во Категоријата – Интензивна соработка со бизнис заедницата и академијата на регионално ниво во изминатата година.

Нема тајни за успех. Тој е резултат на подготовка, напорна работа и упорност. Од тие причини, Регионалниот Бизнис Центар во рамките на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во изминатата 2020 година интензивно работеше и ќе продолжи да работи со истиот интензитет и уште поголема мотивираност на поттикнување на регионалната бизнис клима и поддршка на малите и средни претпријатија од регионот, зајакнување на капацитетите на компаниите во регионот и ќе продолжи да создава клима за развој на одржливи и профитабилни бизниси.

Оваа награда е плод на досегашниот труд на вработените и ќе служи за уште поголема мотивираност во иднина и достигнување уште повидливи резултати за доброто на регионот.

Проектот „Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој“ е финансиран од Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија.

Share via
Copy link