fbpx

Признание за Зоран Заев за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот

 Признание за Зоран Заев за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот

Во рамките на настанот „Златна Олимпија“ која се одржа во Скопје, а на која беа доделени награди за најуспешните жени во спортот за 2022 година,  Директорот на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, Зоран Заев,  доби специјално признание за исклучителен придонес за развој и афирмација на спортот од Олимпискиот Комитет на Северна Македонија.

По неполни два месеца, ова е второ „спортско“ признание кое го добива директорот на нашата фондација, откако на Самитот на спортските новинари од Југоисточна Европа – „Спортот за државата, државата за спортот“ доби плакета за посебен придонес во  афирмирањето на спортот, мирот, добрососедските односи и пријателството.

Покрај тоа, со искрена верба за придонес кон развојот на партнерските односи,  претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Даниел Димески и директорот на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, Зоран Заев, потпишаа четиригодишен договор за соработка помеѓу двете институции. Тие ќе соработуваат во организација на заеднички активности за унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, а пред се во областа на културата, спортот, уметноста, јавното здравје, олимписката едукацијата на младите, заштита на животната средина и други области.

Share via
Copy link