fbpx

Продолжуваат консултациите на локално ниво за креирање на новата Национална стратегија за млади 2023-2027

 Продолжуваат консултациите на локално ниво за креирање на новата Национална стратегија за млади 2023-2027

Агенцијата за млади и спорт со поддршка на партнерите Мисијата на ОБСЕ воСкопје, Фондот за население на Обединетин ации (УНФПА) и Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) продолжува со консултации и јавни дискусии за Националната стратегија за млади 2023-2027 кои ќе се спроведуваат на локално ниво во следните општини:

●Струмица – 10.03.2023 (петок), со почеток во 9:30 во Дом на АРМ

●Гостивар – 10.03.2023 (петок), сопочеток во 9:30 во младински центар на заедницата YCC

●Делчево – 13.03.2023 (понеделник), со почетокво 9:30 во Мултифунционален центар во Спомен-дом АСНОМ

На овие консултативни настани поканети се сите заинтересирани млади, претставници на формите на младинско организирање, средношколци, студенти и други групи на млади кои сакаат да дадат придонес и да учествуваат во креирањето на новата Национална стратегија за млади, која има за цел подобрување на социо-економската положба на младите и кон создавање на средина која ќе им овозможи на младите да ги остварат своите права, потреби и интереси.

Првата драфт верзија на текстот на стратегијата веќе е објавенна ЕНЕР (електронски национален регистар на прописи на РепубликаСевернаМакедонија) и може да се пристапи преку следниот линк: shorturl.at/eMRSV или преку Агенција за млади и спорт: shorturl.at/ehBNR, со што се отворени и дополнителни можности за ваши коментари, прашања и сугестии во насока на креирање на стратешки документ по мерка на младите.

На консултациите присутни ќе бидат експертите кои работат на подготовка на стратегијата, претставници на институции и меѓународни организации, како и претставници од формите на младинско организирање.

            За дополнителни информации околу консултациите, може да се обратите на Гордана Цекова – Помошник раководител на сектор млади, наследниот меил: gordana@ams.gov.mk.

Процесот на креирање на новата Национална стратегија за млади 2023-2027 е поддржан од Мисијата на ОБСЕ воСкопје, Фондот за население на Обединети нации (УНФПА) и Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) во рамките на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, финансиран од United Nations Peacebuilding имплементиран од страна на УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UN Women.

Share via
Copy link