fbpx

Програма за одбележување на Струмичкиот карневал 2021 во услови на Ковид-19

 Програма за одбележување на Струмичкиот карневал 2021 во услови на Ковид-19

Имајќи ја во предвид ситуацијата со пандемијата со Ковид – 19 која зема се поголем замав и мерките за заштита од истиот, ја известуваме јавноста дека Струмичкиот карневал 2021 НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ.

Организациониот одбор донесе одлука на симболичен начин да ги одбележиме карневалските празнувања со мерки и активности кои се во рамките на протоколите за Ковид – 19 и тоа:

  • 10-18.03 – Изложба на отворено ,,Струмички карневал,, – плоштад Гоце Делчев и Булевар Маршал Тито и уредување на излози во духот на карневалот
  • 11.03.2021  12 ч – Доделување награди од Традиционалниот Литературен конкурс на тема ,,Карневалска магија,, – Библиотека ,,Благој Мучето,, Струмица
  • 12.03.2021 19 ч.- Подигање на знамето на Струмичкиот карневал и отворање ретроспективна изложба на фотографии ,,Струмички карневал,, – Центар за култура – Струмица – организирани во рамките на Ковид-19 протоколот
  • 16.03.2021  19 ч. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам на тема Карневал и еротика со одбележување на традиционалниот Струмички карневал во рамките на Ковид-19 протоколот
  • 17.03.2021  13 ч. Тримерски ручек организиран во рамките на Ковид-19 протоколот
  • 11-17.03.2021 Дневна соба и Неделно попладне на ТВ каналот ВИС за време на карневалските денови ќе биде резервирана за гостување на карневалските групи и други содржини посветени на Струмичкиот карневал

Организациониот одбор се оградува од секакво оранизирање на забави и спонтан настап на поединци и групи за време на традиционалниот детски карневал по повод Прочка и традиционалниот Струмички карневал во рамките на Тримерските празнувања и апелира до сите оние кои планираат да го сторат тоа да ги почитуваат протоколите за Ковид-19.

Одбор за организација на Струмичкиот карневал

Share via
Copy link